Турскиот министер за надворешни и вети на Москва: Нема да ги затвориме теснеците

од desk3
93 прегледи

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, изјави во интервју за ТАСС дека Турција ќе ја почитува Конвенцијата од Монтре, која регулира движењето на морските објекти преку Босфорот и дарданелите. “Сметаме дека е важно сите заинтересирани страни да ги избегнуваат обидите за употреба за нивни цели за постојниот режим на превозот преку Босфорот и Дарданелите”, изјави турскиот прв дипломат. Конвенцијата од Монтре за режимот на поминување низ теснеците е потпишана на 20 јули 1936 година и е влезена во сила на 9 ноември 1936 година Интересно е дека конференцијата во Монтре е свикана по дипломатска нота испратена во април 1935 година од страна на турското Министерство за надворешни работи, на чело со Тевфик Рјуштју Арас, до потписничките на Лозанскиот договор од 1923 година

20151206.xgenqwaizz

Министерот за надворешни работи вети “непристрасно, транспарентно и исправно” да го применува меѓународниот договор како одговор на публикации во медиумите дека неговата земја се подготвува да воведе “санкции спрема поминувањата низ теснеците” и да врши проверка на бродовите.

Ердоган извика: Русија е виновна за прекинот на “Турски поток”! Ќе најдеме гас од друго место

Чавушоглу ја повика исто Москва да ги укине што е можно побрзо едностраните санкции против Турција во врска со соборениот руски Су-24 од турските воздухопловни сили.

“Сметаме дека е во интерес и на двете страни да се преиспитаат објавените мерки и да се укинат тие што е можно побрзо. Во спротивно ќе страдаат економиите на Русија и Турција, а негативните последици за руските граѓани нема да се помали од оние за турските “, рече турскиот министер за надворешни работи.