(ВИДЕО) Гол на Валенсија против Барса уби навивач

од desk3
118 прегледи

Навивач на Валенсија починал од радост по изедначувачкиот гол во дербито со Барселона на “Местаја” синоќа.

“Лилјаците” зедоа бод во дебито на новиот тренер Гери Невил по подоцнежниот гол на Санти Мина во 86-тата минута.

Valencia-vs-Barcelona-1-1-2015-Santi-Mina-Goal

Погодокот предизвика бурни емоции кај навивачите на Валенсија, но зеде и жртва. 43-годишен љубител на “лилјаците” доби срцев удар и беше однесен во болница, каде што не успеаја да се изборат за неговиот живот.

ШК Алкалоид организира Отворен турнир во забрзан шах

Блиски на починатиот потврдија дека најлошото се случило од радост при погодокот за 1: 1 во натпреварот со Барса.