Еднаш фотеља-секогаш привилегии, функционери од ВМРО ДПМНЕ незаконски живеат на државен трошок

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, бил на списокот партиски  функционери актуелни и поранешни кои користеле службени возила и полициско обезедување од МВР иако тоа не му следува по закон. Привилегирани  се и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, бившиот директор на бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски -Радникот, како и Јохан Тарчуловски.

timthumb (4)

На списокот има над десеттина  лица – кои со одлуки на поранешните министри за внатрешни од редот на ВМРО-ДПМНЕ незаконски користеле привилегии да се возат во државни автомобили и да користат полициско обезбедување, иако за тоа немало законско покритие.

Дел од нив користеле и по неколку возила.

Од МВР не ги потврдуваат информациите на Телма. Злоупотребите, како што велат на возилата и службеното обезедување утре ќе ги објави министерот Оливер Спасовски, кој истрагата ја најави од собраниска говорница на седницата за пратенички прашања.

 

Генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Емил Димитриев демантира дека користел возило и обезбедување од МВР, а на прашањето зошто досега не реагирал на изјавата на министерот Спасовски, рече дека ќе процени кога и како ќе реагира.

Според законската регулатива и Уредбата на МВР со која се регулира работата на Одделот за обезбедување личности и внатрешно обезбедување на објекти, претседателот, претседателот на Собранието и премиерот на Владата имаат деноноќно обезбедување. ВИП-третман имаат и вицепремиерите и министрите за внатрешни работи, одбрана, надворешни работи, правда, финансии, како и јавниот обвинител и претседателот на Уставниот суд, кои имаат лично полициско обезбедување.

Доживотно обезбедување добиваат поранешните претседатели и нивните семејства.

Со последните измени во Законот за влада и премиерот на кого му завршила функцијата има право на лично обезбедување од шест лица, право на користење службено возило и возач. Ова право поранешниот премиер ќе го има онолку години колку што тој ја извршувал државната функција.