Провокацијата била планирана уште за почетокот на октомври, веднаш по лансирањето на руската офанзива во Сирија
Претседателот на Турција Реџеп Ердоган лично ја дал наредбата за соборување на рускиот авион над Сирија. Тоа го тврдат од WikiLeaks, повикувајќи се на извор кој наведува дека турскиот водач дал таква насока многу порано од ноемвриски напад против Су-24. Нападот против авионите на Русија бил планиран уште на почетокот на октомври, во раните денови на руската авиоофанзива против ДАЕШ.
Во својот материјал WikiLeaks се повикува на информации од Фуат Авни. Тоа е псевдоним на многу влијателен блогер во Турција, нарекуван уште турскиот Џулијан Асанж. Тој неколкупати веќе го разоткрил Ердоган.
Според Фуата Авни Турција имала корист да се стави земјата на работ на војна со Русија, со надеж дека ќе добие поддршка од Г-20 и НАТО. Специјалниот дописник на LifeNews во Анкара истакнува дека, во главниот град на Турција внимателно ги следат сите публикации на Фуат Авни на “Твитер”, бидејќи тие, по правило, потоа се потврдуваат.