Дали сте знаеле? Со македонскиот пасош безвизно може да се патува во 101 држава

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Рангирањето на пасошите покажува дека во регионот најјак пасош има Хрватска чии државјани можат безвизно да паруваат во 124 земји, а потоа пасошот на Србија со кој може без визи да се оди во 104 држави.

54013
Следува Македонија од каде без визи можеме да одиме во 101 земја, потоа Црна Гора чиј пасош минува слободно во 98 држави, Босна и Херцеговина во 94, а граѓаните на Албанија безвизно може да одат во 91 земја.

Водечки земји се САД и Обединетото Кралство, додека групата на најслабо рангирани земји се Мијанмар, Јужен Судан, Соломонските Острови, Палестинските територии, Свети Тома и Принцип.
Индексот на пасошот е интерактивна алатка, која собира, прикажува и ги рангира пасошите во светот. Дава увид во „моќта на пасошот“, односно бројот на земји во кои со пасош може безвисно да се патува или да се добие виза по пристигнувањето.