Комплексот судови во Скопје од утрово е под голема полициска опсада. Пристапот е под строга контрола.Во 11 часот во скопска единица започнува судењето на деценијата- терористите кои пукаа и убиваа во кумановско „ Диво Насеље“

29 – мината обвинети за тероризам и за учеството во крвавиот мајски инцидент во кумановско Диво Насеље денеска треба за првпат да се појават во суд. Во кривичниот суд Скопје 1 ќе се одржи јавна седница за оценка на обвинителниот акт против припадниците на кумановската група.
Обвинителниот акт беше поднесен на почетокот на ноември, а бранителите на обвинетите поднеле приговори. Сметаат дека обвинението е неосновано. По денечната седница судскиот совет треба да одлучи дали ќе го прифати обвинителниот акт или ќе бара да се преработи.

–Обвинителството смета дека 29-мината уапсени, двајца кои избегаа и уште десетмина кои загинаа во Диво Насеље од почетокот на годината почнале со организација на терористички активности кои кулминираа со крвавата пресметка на 9-ти и 10-ти мај. Целта им била да предизвикаат чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните – стои во обвинението.