„Не сме виновни. Не сме терористи“ – вака сите 29-мина обвинети за тероризам за случајот Диво Насеље одговорија на прашањето на судијата – Дали се чувствувате за виновни за делата кои ви се ставаат на товар!?

Во скопскиот кривичен суд под силно полициско обезбедување денеска заседаваше Советот за оценка на обвинителен акт кој треба да одлучи дали ќе започне судски процес или ќе го врати обвинението на дообработка. Обвинителството тврдеше дека за обвинетите има доволно докази за тие да одговараат за тероризам.
Во првите два реда од големата сала во врховниот суд седнаа обвинетите за терористичкиот чин од мај годинава во кој загинаа 8 полициски специјалци. Меѓу 29-те и Сами Укшини алијас командант Соколи, Амди Красниќи познат како командант Малишева, Дем Шеху.
Невозможен беше пристапот до зградата на судот. Полицајци со автоматски пушки, некои и со маски на лицата внимаваа на секое движење и ги пренасочуваа луѓето. Нив ги имаше и кај подвозникот пред трговскиот Мавровка, ама и на магистралата накај Косово од каде пак дојдоа десетина роднини на обвинетите.![]()
Претресот на новинарите и адвокатите траеше повеќе од еден час, со сензор палки и детална контрола во чантите.
Сообраќајот околу судските згради беше под строга контрола и не се дозволуваче запирање и застанување на возилата.
„Не сме виновни. Не сме терористи“ – вака сите 29-мина обвинети за тероризам за случајот Диво Насеље одговорија на прашањето на судијата – Дали се чувствувате за виновни за делата кои ви се ставаат на товар!?
На настанот Диво Насеље му претходеше случајот Гошинце. ДНК анализите и споредбите со косовската полиција докажаа дека се работи за исти лица кои го извршиле нападот во Гошинце а подоцна се уапсени во Диво Насеље. Спроведени се ПИ мерки од 27.04 – 08.05.2015 на барање на судија на претходна постапка. Кога специјалните едници на МВР се упатија кон Диво Насеље да извршат претрес кон нив беше отворен оган при што загинаа 8 полицајци.
Одбраната пак реагираше на начинот на спроведување на истрагата која според нив е незавршена. Според адвокатите тероризам нема и мотивот се уште останува неразјаснет. Дел од нив тврдеа и дека обвинетите пукале кон полицијата со цел да се одбранат. Побараа случајот да го преземе Специјалнето јавно обвинителство на Катица Јанева на што Судскиот совет одговори дека засега случајот останува кај Скопското обвинителство.
Одбраната повторно реагираше дека на обвинетите до сега не им биле покажани доказите и поради тоа досега не дале исказ.
Обвинителството стои зад доказите добиени од вештачените траги и оружје, следењето на комуникациите, наспроти одбраната според која биле собрани спротивно на законот.
По рочиштето за оценка на обвинителниот акт, судот за неколку дена треба да одлучи – дали ќе го прифати обвинението како такво и ќе закаже судење за настаните во Куманово или предметот ќе го врати на повторна истрага.