И денеска висока загаденос на воздухот во Скопје. Утрово концентрациите се за три пати и повеќе од дозволеното.

Синоќа во Скопје најзагадена општина беше Карпош. Таму на полноќ концентрацијата на ПМ – 10 честичките во воздухот беше и 8 пати повеќе од максимално дозволената граница од 50 милиграми на кубен метар. Денеска во моментов е 288, додека нешто помали беа концентрациите во Центар190,, Гази Баба 76, и Лисиче 94.