Откупно-дистрибутивниот центар за јаболка, Apple Land се отвори во септември годинава во индустриската зона „Макази“ близу Ресен, а на свеченоста беа премиерот Никола Груевски и неколку министри. Инвеститорите беа претставени како ексклузивни добавувачи за еден од најголемите светски саеми World Expo, кој во 2020 година ќе се одржи во Дубаи-пишува ПРИЗМА.
Владата го најави центарот како странска инвестиција од Дубаи во вредност од пет милиони евра што ќе отвори 100 нови работни места и ќе собира најмногу до 10.000 тони јаболка од Ресенско.
Сопственикот на компанијата, Абдошамак Насер, на отворањето на откупниот центар во септември изјави дека неговите планови во Македонија не завршуваат со овој проект.
Медиумските хајки на власта се само невистини и измислици
„Годинава ќе почнеме и со една фарма во која ќе имаме илјада крави, а сточарите ќе ги обучуваме во Австрија. Вториот проект ни е за извоз на цреши од Охрид за Дубаи. Овој објект планираме континуирано да го прошируваме и да инвестираме во него “.
Досега се изгради ладилник со капацитет од 5.000 тони и само таму овошјето ќе може да се чува една година и да има ист квалитет како од денот на бербата. Во охридско-преспанскиот регион годишно се раѓаат околу 100.000 тони јаболка или 67 проценти од целото производство во Македонија.
Идеален старт за откупниот центар
Ресенци велат дека Apple Land не можел да посака подобра години за да почне со откуп на јаболка.
„Ова е година на векот!“, велат одгледувачите на јаболка.
Ако обично во овој регион се раѓаат околу 100.000 тони, од кои најмногу црвената сорта ајдарет, годинава родот е за околу 30.000 тони поголем. Иронично, токму големиот род им донел проблеми на ресенци, многу од производителите останале без палети, големи сандаци што собираат од 600 до 700 килограми со кои го превезуваат родот до откупните центри.
Поради недостигот на палети морале да ги користат оние на откупувачите, а тие, пак, за услугата им намалуваат на производителите од пет до 10 проценти од вредноста на јаболката. Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем. Вистинска драма за производителите во Ресен е тоа што цената на ајдаретот од ланските просечни 12-13 денари по килограм, заради поголемата понуда годинава паднала на 10, односно девет денари за оние што немаат палети. Падната е цената и на поквалитетните сорти како што се црвениот и златниот делишес и муцу.
Повеќе ТУКА
