Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово се сретна претседателката на Комисијата за надворешни работи и одбрана на норвешкиот Парламент, Аникен Хуитфелд.
Ахмети и Хуитфел, како што соопштуваат од партијата, разговарале за актуелната политичка ситуација, имплементацијата на Договорот од Пржино, евроатланската интеграција, како и за билатералните односи и норвешките инвестиции во Македонија.
Лидерот на ДУИ на средбата нагласил дека со одредени одложувања, клучните точки од Договорот од Пржино се спроведени и оти очекува наскоро да се реализираат и останатите делови.
Хан уште еднаш го повтори редоследот: Договорот од Пржино, фер избори па тогаш ЕУ
Ахмети, како што стои во соопштението, ја посочил потребата од обновување на меѓународното внимание кон решавањето на прашањето за името, како единствена препрека за членство на Македонија во НАТО. Тој посочил дека евроатланскиот процес, обезбедува добри меѓуетнички и соседски односи, безбедност и стабилност, како и економски развој и странски инвестиции.
Лидерот на ДУИ изразил благодарност до норвешките државни компании кои раководат со слободната економска зона во Тетово, каде веќе се обезбедени четири странски инвестиции кои ќе отворат илјадници работни места. Ахмети исто така ги поканил норвешките компании да инвестираат во подрачјата во Тетово, Струга и Кичево.
Иако се одмана пробиени роковите партиите сеуште не можат да ги изберат новите членови на ДИК и натаму не можат да се догворат за медиумите, со што договорто од Пржино е пробиен за временски период од околу 1 месец.
