Стеснет кругот на кандидати за експертските три места во Државната изборна комисија, од речсии четириесетмина апсиранти- претставниците на партиите потписнички на договорот од Пржино стасале до листа од десетмина потенцијални членови со кои треба да се докомплетира ДИК-јави 24 Вести.
Иако сите рокови се пробиени, од работната група оптимизам дека партиите набрзо ќе се усогласат. Договор очекува и олеснувачот Ванхауте, но и интензивни разговори по денешниот слободен ден .
Русија бара итно Совет за безбедност на ОН за воените акции на Турција
Имиња ниту една од партиите во преговорите не сака да открие, велат да не се наштети на кандидатите. Според дел од вклучените во преговорите најголем проблем околу изборот на експертите и одолговлекувањето на комплетирањето на ДИК е обидот на дел од партиите да го присвојат мнозинството. Според извори од работната група на маса бил ставен и предлог, партиите „да си ги поделат “и експертите, односно ВМРО-ДПМЕ да предложи еден член, еден СДСМ и третиот на предлог на ДУИ, но ова не било прифатливо за сите учесници во преговорите.
За дел од поранешните членови на ДИК запнувањето околу изборот на експертите, причината е како што велат, што од почеток таа опција била во најмала рака чудна.
Од редот на експертите треба да се избере и претседател и потпретседател на ДИК.
Повеќе ТУКА
