Одблокиран железничкиот транспорт на грчка страна, уапсени 10 мигранти…

од desk3
96 прегледи

Повеќе од 10 имигранти се приведени во Идомени за време на полициска операција за расчистување на железничката линија, што ја блокираат мигранти кои протестираат затоа што не им е дозволен влез во Македонија.

Приведените, кои се од различни националности, во моментов се во полициската станица во Идомени, јави државната новинска агенција АНА-МПА.

migranti

Во меѓувреме, ирански државјанин, кој наводно бил избоден, е пренесен во болницата во Кукуш.

Железничката пруга сега е отворена и според извори на агенцијата, низ станицата Идомени се очекува да помине товарен воз од Македонија.

Почна откупот на тутунот

Покрај тоа, 14 автобуси со мигранти заминале од Идомени кон Атина.

Во тампон зоната меѓу Грција и Македонија во тек е полициската операција за отстранување на мигрантите кои со недели се наоѓаат во областа поради тоа што не им е дозволен влез во Македонија.

Областа е затворена, а влезот е забранет за претставници на невладини организации, со исклучок на претставник на УНХЦР, кои се во кампот, како и новинари.

Во операцијата учествуваат полициски единици од Солун и Кукуш.