Турција се наоѓа на крстопатот меѓу османизмот и западништвото. Од почетокот на сириската криза, создавање на терористичката група “Исламска држава” и последователните потоа напори на регионалните и светските сили за решавање на овие проблеми, турското дипломатско министерство се соочи со голем број предизвици.

По доаѓањето на власт на Партијата на правдата и развојот Турција ја прогласи за главно обележје во својата надворешна политика “стратешката длабочина и ресетирањето на тензиите со соседните земји”. Но, од почетокот на дестабилизација и военото противење во Сирија Анкара започна да спроведува недемократска тактика на мешање во внатрешните работи на друга држава, објавувајќи се за соборување на Башар Асад од функцијата претседател на Сирија.
Конфликтот со Асад стигна дотаму што турската влада дури се согласи да помага и да испоставува тајна помош на терористичките групи. Во последната година високите лица во Анкара сфатија дека дозволиле груба грешка, а нивната регионална политика создаде предуслови за појава на длабоки кризи за целиот свет, регионот на Блискиот Исток и за нив самите. Во оваа смисла тие делумно ја променија својата позиција, но досега паѓа очи многу чудната тактика на турската надворешна политика во однос на борбата против тероризмот на “Исламска држава”.
Една од потврдите за тоа е нападот врз рускиот бомбардер. Во последните неколку недели по завршувањето на средбата во Виена, посветена на сириската криза, стана јасно дека Башар Асад нема намера да ја остави својата претседателска позиција по барањето на соседните држави, а Исламската Република Иран благодарение на склучениот договор за нуклеарниот проблем, стана центар на меѓународните работи и го привлече кон себе вниманието на најразвиените држави во светот, подготвени да развијат со неа политички, воени и трговски односи и да потпишуваат со неа соодветните договори.
Германски пратеник пресече: Ердоган е Кум на тероризмот!
Штом во Иран се одржа важната средба на Форумот на земјите извознички на гас при активна соработка со Русија, турското политичко раководство дојде до заклучок дека во името на сопственото учество во политичките игри на Блискиот Исток треба да демонстрира сила пред ривалите. Не измина и месец по целосната победа на Реџеп Ердоган и неговата партија на парламентарните избори во Турција и дипломатскиот кор на земјата почна да вложува напори за да ја покаже својата нова надворешна политика. Во врска со тоа нападот на турскиот борбен авион Ф-16 против рускиот бомбардер Су-24 крај сириско-турската граница, кој наводно го прекршил турскиот воздушен простор, не само што му обезбеди можност на Ердоган да ја покаже пред турската јавност силата на својата партија, но и може да лансира нов надворешнополитички курс на таа држава.

Во последните години турската надворешна политика постојано лавира меѓу западништвото / со три главни ориентири- Европската унија, САД и Израел / и своевиден османизам. Во светлината на последните настани таа повторно почна да се навалува кон Западот. Во моментов Турција не може да врши влијание на политичките процеси во соседните земји и на Блискиот Исток како целина и на неа и се наметнува само да ги набљудува таму активностите на своите регионални противници.
Од таа причина за сметка на провокативните дејствија против Русија, Турција стана нов проблем за Западот, и поради демонстрањето на својата заштита и од страна на НАТО, таа вложува напори да ја сокрие својата немоќ при реализација на сопствената политика на Блискиот Исток и наместо тоа демонстрира т.н. своја моќ. Покрај тоа, со нападот врз рускиот авион, кој учествуваше во битката против терористите и бунтовниците во Сирија, Турција докажа дека како и предходно е верна на својата тврда позиција спрема Башар Асад и продолжува да дава поддршка на неговите противници, и за тоа таа е подготвена да се спротивстави на секоја држава која се објавува во поддршка на сирискиот претседател.
Од друга страна Иран дејствува многу внимателно во односите со Русија и се стреми да не ја ограничува својата дипломатска активност единствено со контактите со неа. Сепак се создава впечаток дека изгледите од создавањето на стратешка оска Иран-Русија-Сирија силно го загрижува надворешнополитичкото водтсво на Турција. Затоа, преземајќи напад врз рускиот авион, Анкара даде до знаење дека во случај на создавање на таква непријателска оска таа е подготвена да се обедини со терористите и да нанесе удар на новиот фронт кој се противи на “Исламска држава”.
На крајот треба да се напомене и овој момент, дека ваквите непријателски акти излегува надвор од рамките на дипломатската практика, не само што нанесуваат штета на надворешни врски на Турција, нејзината економија и туристичка сфера, но уште повеќе ја оддалечуваат оваа земја од учество во регионалната политика. Двојна политика на Турција во однос на борбата против тероризмот ги прави уште попроблематични изгледите за пристапување кон Турција.
