Џихадистите “му се радуваат” на Трамп како на моќно оружје – шири омраза во општество преполно со оружје

од desk3
106 прегледи

На сите муслимани да им биде забрането да влезат во САД – тоа апсурдно барање на Доналд Трамп докажа дефинитивно дека овој човек е расист, поттикнувач на омраза и демагог. Нема ли кој да го запре?-пишува DW.

nbc-fires-donald-trump-after-he-calls-mexicans-rapists-and-drug-runners

Во принцип со поимот “поттикнувач” треба многу да се внимава. Но не и кога станува збор за Доналд Трамп. Според речникот, поттикнувач е човек кој ги прилагодува или ги хушка луѓето против некого. А Доналд Трамп го прави токму тоа. И тоа со месеци.

Трамп, потпалувачот

Првично Трамп ги настројуваше американските гласачи против мигрантите од Латинска Америка, пред сè од Мексико. Откако сепак теророт на “Исламска држава” е водечка тема во сите медиуми, Трамп се насочи кон напаѓање муслиманите. Најапсурдно му е последното барање: тој инсистира на муслиманите да им биде забрането да влезат во САД.

“Ди Велт”: Брисел ги укинува визите за Украина и Грузија од летото на 2016 година

Оваа забрана, која би ги опфатила апсолутно сите муслимани – туристи, мигранти и дури американски граѓани кои го исповедаат исламот, е во целосна спротивност со уставот на САД , така и со секакви меѓународни норми. Затоа и тоа не може да биде воведено, најмалку од правни причини.

Сепак Трамп нанесува огромна штета со тоа свое апсурдно барање. Притискајќи за воведувањето на оваа забрана, тој практично ги најавува сите 1,5 милијарди муслимани во светот за потенцијални терористи. А тоа е чист примерок за расизам и ги гази токму оние вредности и права, со кои Америка се идентификува.
Не само срамно, но и многу опасно

Предлогот на Трамп не е само срамен, но и многу опасен. Со ова свое барање тој ги охрабрува ксенофобичните и антиисламски расположенија меѓу делови од американското општество и де факто прави услуга на исламстичките екстремисти. Не е потребна многу фантазија за да се замисли дека во една земја во која толку многу луѓе поседуваат оружје, слични чувства лесно би можеле да прераснат во насилство. Уште повеќе што изјавите на Трамп се радуваат на широко одобрување – и покрај сета критика против него, повеќето анкети го покажуваат како водечки кандидат на републиканците за претседателските избори. Затоа е крајно време медиумите, политичарите и граѓаните да се разделат со заблудата дека Трамп е феномен кој слично на лошите кошмари некогаш ќе исчезне сам по себе.

Доналд Трамп не е само некаков политички пакостник, кој повремено прави бељи, но инаку е безопасен. Трамп е пироман, кој располага со огромна количина на пари, а во меѓувреме и со поддршка на доволно многу радикални приврзаници. Крајно време е овој човек да биде земен сериозно. И да биде разобличи.