Во изминатата година стана јасно дека Европа не е во можност да го даде вистинскиот одговор на предизвиците пред кои се соочува, бидејќи таа води политика на ритуално самоубиство. Тоа, го рече во својот годишен извештај пред парламентарната комисија за надворешна политика унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

“Европската политика оваа година беше пријатна за очите, но штетна и ја загрозува безбедноста и иднината на континентот”, рече уште тој. Според него, денес Европа се соочува со пет предизвици: нестабилност на исток, невидена до сега нестабилност на југ, која доведе до огромната миграција , постојана закана од тероризам, недостатокот на напредок во гарантирањето на енергетската безбедност и континуираните економски предизвици.
Шефот на унгарската дипломатија смета дека Европа многу изгубила во глобалната економија, а институциите на ЕУ го блокира проширувањето на Унијата, и покрај убедувањето на неколку земји, вклучувајќи и на Унгарија дека тоа е патот за зајакнување на европската заедница. Во поголемиот дел европската политика е лицемерна и самоуништувачки во однос на миграцијата и тероризмот, а одлуките кои се нудат за овие две прашања се нелегални, неприменливи и не помагаат за нивно решавање, рече уште Петер Сијарто.

Дипломатот смета дека апсолутно не мора да се води полемика со официјалните претставници на ЕУ за зголемената опасност од тероризам откако тие не знаат кои се мигрантите и со каква цел доаѓаат во Европа. Сите мигранти не се терористи, но миграцискиот бран им овозможи на терористичките организации да дојдат до Европа, истакна тој.
“Лицемерите на нејзината политика ја ставија Европа во беспомошна состојба. Европа е должна да ги заштити надворешните граници и секоја земја треба да има право сама да одлучува дали сака да прифати други заедници на својата земја, рече уште министерот и потсети дека Унгарија неправедно била критикувана, само затоа што успешно се заштитила и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина.

Унгарија понуди вистинското решение за миграциската криза и Европа треба да го следи нашиот пример, смета министерот. ” Надворешната политика на Унгарија треба да биде насочена кон помагање на земјите да ги заштитат своите интереси, бидејќи предизвиците со кои се соочува Европа остануваат “, рече Петер Сијарто. Во однос на ситуацијата во Украина унгарскиот дипломат рече дека во последните месеци таа не се сменила. Санкциите на ЕУ им наштетиле на Русија, Украина и самата ЕУ, но тие не доведоа до почитувањето на договорот од Минск, изјави во заклучок унгарскиот министер за надворешни работи.