ЦИА ги предупреди властите во Турција дека има информации за готвеwe na терористички напади врз руски туристи и ги посочува како сторители тројца државјани на Палестина, пишува весникот “Хабер Турк”.

Од своја страна, турската полиција известила за следење во туристичките центри на земјата и аларм за заканата. Според разузнавањето, сторителите се веќе во Турција, но самите напади најверојатно се планирани за подоцнежни датуми. Американските тајни служби сметаат дека тројцата Палестинци може да се вмешани и во поставувањето на бомбата, на рускиот А321 над Синај. Ова сепак не е докажано, бидејќи истрагата уште не е завршена.