Македонија почна да гради и втора ограда на границата со Грција, по онаа во Гевгелија, во желба за подобра контрола на бранот мигранти, рекол воен извор во Скопје, пренесе „Радио Слободна Европа“.

Информацијата ја потврдија од Министерството за одбрана. Од таму велат дека поставувањето започнало уште синоќа.
Македонија на 19 ноември почна да врши селекција на мигрантите врз основа на тоа од која земја доаѓаат, поради што тие почнаа протести.
Кон крајот на ноември, пак, заврши изградбата на оградата долга три километри на границата со Грција кај преминот Богородица во Гевгелија.