И Ставревски и Протуѓер не се појавија пред Анкетната комисија, а одговор нема ниту од Јанкулоска и Јанакиевски

од desk3
216 прегледи

Министерот за финансии Зоран Ставревски и шефот на кабинетот на Премиерот- Мартин Протуѓер денеска не се појавија пред Анкетната комисија за прислушување, каде требаше да сведочат.

20129mala

Ставревски писмено ја известил комисијата дека може да сведочи на 17 декември, а Протуѓер, ниту усно, ниту писмено не се изјаснил дали ќе може да присуствува. Според Шилегов, и покрај известувањата, нивното сведочење мора да стои како точка на дневен ред според направениот редослед, за да се запази Деловникот.

Според опозицијата тоа е надвор од рокот што Анкетната комисија го договориле на претходните седници, бидејќи сведочењето на првиот круг сведоци било договорено да се одвива во периодот од 9 до 15 декември, и дека појавувањето на Ставревски на 17 декември е надвор од договорената временска рамка.

Сите сакаат свои експерти во ДИК

Според мнозинството, треба да се испочитува она што е во рамките на деловникот за работа на комисијата, според кого сослушувањата на сведоците треба да заврши до 22 јануари.

Одговор за сведочење не доставиле ниту од Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиевски.

Во текот на вчерашниот ден како прв сведок требаше да се појави премиерот Никола Груевски, кој го одложи своето сведочење за 14 декември.

Од владејачката ВМРО – ДПМНЕ денеска доставија предлог – план за работа, што беше изгласан со мнозинство гласови. На денешната седница е одлучено да се одреди составот на работната група што ќе треба да ги посети институциите.