Бејли и Орав пак почнаа да “туркаат” , загрижени се поради пробивањето на рокот за ДИК

од desk3
70 прегледи

Американскиот амбасадор Џес Бејли изрази загриженост поради повторното пробивање на роковите предвидени со Договорот од Пржино.

bejli8

– Загрижен сум поради пропуштениот рок за назначување на Државната изборна комисија (ДИК). Независноста, искуството и експертизата треба да бидат критериум за избор на непартиските претставници – напиша американскиот амбасадор на социјалната мрежа „Твитер“.

Сите сакаат свои експерти во ДИК

Бејли истакна дека ДИК треба да заврши многу работи до април и оти времето е кратко.

 

Европската унија исто така е загрижена заради застојот на спроведување на договорот од Пржино, изјави амбасадорот на Европската унија во Македонија, Аиво Орав на настанот на потпишување на заем на МЕПСО и ЕБОР за далновод меѓу Македонија и Албанија.

орав

Според евроамбасадорот, приоритет на партиите треба да биде договор околу Државната изборна комисија, а потоа да се договараат законите кои ќе ја регулираат медиумската сфера.

-Европската унија е особено загрижена, бидејќи уште еден рок беше пропбиен, а не се избраа, односно не беа назначени тројцата независни експерти во ДИК. Потсетувам дека нема повеќе време за ова и ги поттикнувам партиите да го завршат ова како што треба. Исто така, би сакал да потсетам дека препораката од ЕК што ја доби вашата земја беше условена и зависи од имплементацијата на договорот од Пржино, изјави Орав.

Партиски извори за локално.мк информираат што партиите не попуштат  до таму, што од 40 кандидати за позициите на тројцата експерти, за ниту еден не е постигната согласност од сите четири партии.