Неодамна дознавме дека е дојден крајот на стравувањата на Европа пред бранот муслимански мигранти во Стариот свет. Во улогата на спасител испадна турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој се ослободи од сомнежот да биде виден како пасивен поддржувач на “Исламска држава” и соборувач на руски авиони.

Тој успеа да ја претстави својата земја како линијата Мажино, повикана даго запре бранот бегалци од Ирак и Сирија, кој се движи во Европа. Со возбуден глас и солзи во очите турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека неговата земја постигнала договор со историска важност – 3 милијарди евра во првата фаза, укинување на визниот режим и продолжување на преговорите за членство во Европската унија.
“Ние сакаме да бидеме дел од европското семејство”, рече тој. Иако од 1987 година, кога Турција поднесе барање за влез во ЕУ, овие преговори не дадоа резултат, може да се претпостави дека овој пат дијалогот ќе биде поуспешен, бидејќи Турција влезе во улогата на спасителот на Европа. Но ако сепак преговорите за влез во ЕУ не дадат резултат?
Таа секогаш може да излезе од преговорите или барем да се закани со поплавување на европските држави со бегалци. А ако бегалците добиле европски душеци за своите шатори, одбијат да соработуваат и продолжат да се дрвижат кон Европа ќе најдат ли друго место наместо Турција? Ќе ги решаваме проблемите според нивната појава. А ако преговорите завршат со успех и Турција стане полноправна членка на ЕУ, нема да има разлика колку точно мигранти живеат на турска територија. 70 милиони Турци ќе добијат можност да работат и живеат во европските земји.
Напорите за олеснување на страдањата на мигрантите и подобрувањето на животот во соседните на Ирак и Сирија држави со помош на европските средства се чекори во вистинската насока. Тие можат да го скратат протокот на илегалните мигранти кои сакаат да упаднат во Европа.

Но кога таков договор е придружена со драконски услови, а парите за бегалците не им се пренесуваат по каналите на меѓународните агенции и организации, туку паѓаат во турската каса, тоа потсетуваше на уцена и игра со стравот. Во текот на преговорите Европејците паднатт во стапицата на турскиот алаш-вериш. И ова не е прв лош договор, потпишан од Европејците во последно време.
Пред него беше лошиот договор, потпишан од Европа и САД со Иран за нуклеарната програма на Техеран. Овој договор исто така беше потпишан од страв и како резултат на неуморно преговарање. На крајот беше платена висока цена за некоја неизвесност без сериозни механизми за контрола. И двата договори беа потпишани со исламистички режими со експанзионистичка идеологија (едниот сунитски, другиот шиитски). Двата договори предвидуваат другата страна да покаже добра волја.
Тие се плод на погрешнниот концепт дека “непријателот на мојот непријател е мој пријател”. Заедничкиот непријател е ИД, а сега бегалците од Сирија и Ирак. Еден вид пријателите се Турција и Иран. А што ли ќе се случи ако Европејците згрешат? Ништо страшно. Тие ќе имаат неколку години илузорно спокојство. Во секој случај со тешките последици од потпишаните денес договори ќе се соочат утрешните водачи на Европа.