Заборавете на управувањето на автомобили со раце и нозе, наскоро може да возиме возила кои ќе ги контролираме со мислите.

Кинески инженери развија систем кој е во состојба да се потпре на мозочни сигнали и да ги пренесува командитете кон автомобилот.
Засега технологијата може да го движи возилото напред, назад, да ги активира сопирачките и да ги заклучува и отклучува вратите, без да е потребно физичка контрола.
Истражувачите велат дека ќе ја развиваат технологијата во текот на две години.
Системот се состои од 16 сензори кои ги откриваат електроенцефалографските сигнали во мозокот на возачот и со софтвер вршат конверзија на сигналите во инструкции.
Целта не е само да се создаде атрактивна врвна технологија. Системот е создаден за парализирани или возрасни возачи со отежнати движења. “Проектот има две појдовни точки.
Едната е да се обезбеди метод за управување без користење на раце и нозе за инвалиди, кои не можат да се движат непречено. Втората – да се развие повеќе “интелектуален” режим за управување за здрави луѓе “, вели Жанг Жао.
Контролата на возило со мисли при густ сообраќај изгледа опасна идеја, но истражувачите се категорични дека пренасочување на вниманието не би предизвикало инцидент.
Мисловната концентрација е потребна само при промена на движењето на возилото – нешто што и онака правиме на потсвесно ниво.