Дачиќ:Таблите БЈРМ остануваат- Тоа ви е за признавањето на Косово

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Македонија бара од Србија да ги отстрани таблите поставени долж коридорот  10 на кои стои кратенката БЈРМ наместо уставното име. Оваа порака и е  пренесена на српската амбасадорка во Скопје Душанка Дивјак Томиќ која беше  повикана на итна средба во македонското министерство за надворешни работи.Според МНР и било укажано несогласувањето со овој чин на Белград и било побарано српските власти да ги заменат таблите со нови на кои ќе стои уставното име Република Македонија.новости

“Очекуваме позитивен одговор од нашите колеги од Србија час поскоро, во духот на добрососедските односи“, велат од МНР.

За  возврат стига изјавата н Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека не гледа причина за забелешките на Македонија во врска со таблата со ознака „БЈРМ“ поставена на делница на Коридорот 10, пренесуваат српските медиуми. „На нив сега им пречи таа табла, а нам не треба да ни пречи тоа што во Унеско гласаа за прием на Косово?“, прашал Дачиќ.

Тогаш српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ изјави дека е разочаран од Црна Гора и Македонија и порача дека како што некој се однесува кон српските интереси така и Србија ќе се однесува кон него.

Премиерот Вучиќ рече дека покажале дека Косово им е поважно од Србија. Ова не е прв пат да ја користи кратенката БЈРМ иако ја призна  Македонија под уставното име уште пред две децении, но обично тоа се случува во медиумите. naslovna

Српскиот министер за надворешни работи  сепак попрезицен и порачува дека таблите остануваат, тоа е став  и истакнува  дека овие аргументи ги изнела и амбасадорката на Србија во Скопје, на средбата во македонското министерство за надворешни работи, каде ѝ бил пренесен устен демарш поради поставувањето на таблата.

Министерството го образложило својот протест со тоа што Србија Македонија, иако во Обединетите нации се води под ознаката „ПЈРМ“ (FYROM), ја признала  под уставното име Република Македониј, и поради тоа мора да ги тргне таблите  сп БЈРМ.

 

„Крајно време е да престанеме да работиме против сопствените интереси. Точно е дека Србија ја признава Македонија под тоа име, за разлика од европските држави, но тоа е направено уште под Милошевиќ, во деведесеттите години. А Македонија ја призна независноста на Косово, а сега им пречи некаков натпис. Таблите остануваат, порачал Дачиќ.

ж

 

поставувањето на таблите јавија српските медиуми под наслов дека Скопје се лути заради таблата на коридорот 10. Овој потег на српските власти весникот го толкува како реакција на Белград на македонското гласање за прием на Косово во УНЕСКО, кое сепак не се случи.