(ВИДЕО) Славој Жижек за љубовта, спонтаноста, совршениот љубовен состанок…

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Славој Жижек, со децении демонстрира дека е расположен да размислува и зборува за огромен дијапазон на проблеми, а неизбежно и за љубовниот живот. Во следново видео, зборува за онлајн-дејтинг, љубов, максимата „биди свој“, секс-машините и совршениот љубовен состанок како што тој го замислува.

7e001bc3e3e41224

Со оглед на длабоката интеграција на Интернетот во нашите секојдневни животи, ништо чудно ако онлајн запознавањето и онлајн потрагата по љубовен партнер станат основната и најраспространета форма на љубовна комуникација. Можеби сте го пробале, можеби сте имале позитивно искуство, можеби негативно, а најверојатно сте имале мешавина од двете. Сепак, она што е неизбежен проблем при онлајн-запознавањето е фактот што првиот чекор подразбира да креирате своја верзија на себе која би била соодветна за тој медиум и која горе-долу би се совпаднала со очекувањата на другиот. Жижек овој аспект на онлајн-дејтингот го нарекува „само-комодификација“ т.е. „себе-манипулација“.

„Кога се запознаваш онлајн, мораш да се претставиш себе си на одреден начин, истакнувајќи одредени квалитети. Се фокусираш на идејата за тоа како другиот треба да те доживее. Но, сметам дека тоа не е начинот на кој љубовта функционира, дури и на најосновното ниво“, вели Жижек. Има еден англиски израз „endearing foibles“ („привлечни несовршености“, „мила ексцентричност“) – кој според него ја опишува елементарната состојка на љубовта. „Никогаш не можеш да се заљубиш во некој совршен. Мора да постои некој мал невообичаен, вознемирувачки елемент, за кој обично велиме „и покрај таа несовршеност, јас ја/го сакам“.

 

Како пример, Жижек наведува една интересна анкета спроведена во Европа (поточно во Франција, ако добро се сеќава), во времето кога Клаудија Шифер и Синди Крафорд биле во екот на кариерата како врвни топ-модели. Се однесувала на голем број мажи, кои требало да изберат со кого би преферирале да живеат: со Синди Крафорд или со Клаудија Шифер? Победила Крафорд, а Жижек тврди дека тоа се должи единствено на нејзината позната бемка, која во случајов е токму онаа несовршеност за која филозофот тврди дека е неопходна при заљубувањето. Со негови зборови, „Клаудија Шифер е премногу совршена“.

Во друг пример, Жижек раскажува за едно дамнешно негово лично искуство, кога некаде кон крајот на 30-тите, некаде во Јужна Америка, сретнал некоја многу атрактивна латино-американка. Таа му раскажувала за нејзиниот поранешен љубовник, кој кога прв пат ја видел гола и рекол: „ако изгубиш 3-4 кила, ќе изгледаш совршено“. Одговорот на Жижек е: „Што и да правиш, немој да изгубиш 3-4 кила“.

Ставовите на Жижек за спонтаноста, најдобриот секс дејт, он-лајн дејтингот прочитајте тука