Романците видоа дека “нема чаре” од политичарите- ако мораат да плаќаат корупција барем да им ја симнат цената

од desk3
81 прегледи

Ако секој од кого е баран поткуп, го соопшти тоа на интернет, корупцијата неизбежно ќе се намали. Околу оваа необична идеја се организираа млади кои не сакаат во Романија да гинат уште луѓе заради корупција- пишува DW.

rom1
Елена Калистру раководи со “funky Citizens” – оваа невладината организација спостави за цел да ги едуцира на граѓанско однесување младите Романци и го прави со помош на нетрадиционални средства и идеи. Елена Калистру опишува еден од најголемите проекти на организацијата – е онлајн-платформата “piatadespaga” – корупциска берза. Таму луѓето можат анонимно да напишат каков поткуп дале за одредена услуга во нивното населено место и дали поткупот им ја завршил саканата работа. Идејата е дека откривањето на платените под масата пари ќе се намали тарифата на бараното мито.
“Корупциски берза” собира и многу информации од училиштата, бидејќи уште таму младите Романци се соочуваат со корупцијата “, вели Елена.
Географската карта на корупцијата
Информациите за митото се нанесуваат на географската карта на земјата. Површниот поглед на неа, покажува дека корупцијата ги опфатила сите региони и сите сфери на општествениот живот во Романија.

Во Македонија по 80 години не треба да живееш – мемоарите на македонски пациент

Во почетокот на ноември за време на рок-концерт во една дискотека во Букурешт загинаа 50 млади Романци, бидејќи локалот немал доволно итни излези, а противпожарни апарати воопшто немало. Непосредно пред посочениот пожар дискотеката била контролирана за безбедност, но корумпираните службеници ги затворале очите пред сите недостатоци.

rom2

Тагата на загинатите брзо прерасна во бес. “Корупцијата убива”, извикуваа денови стотици илјади Романци по улиците. Повеќето од нив на возраст меѓу 20 и 30 години – како Елена Калистру, која исто така учествувала во демонстрациите. “Ова е нова генерација што не очајува и не се помирува, туку сака да интервенира активно во политичкиот живот – во Букурешт и во целата земја. Од достапноста на информациите на интернет заработуваат сите – тоа им дава можност да реагираат веднаш”, вели таа.
Постојаните протести го соборија од власт Виктор Понта
Протестите доведоа до оставка на премиерот Виктор Понта, а претседателот Клаус Јоханис ги покани на “тркалезна маса” претставниците на граѓанското општество. “Политичката класа пред се се плаши од нашите протести”, вели Елена Калистру и додава: “Сега сепак тие избувнаа со посебна сила поради маката и бесот од смртта на младите, загинати поради небрежноста на корумпираните службеници.

Благодарение на Фејсбук, протестите се проширија со голема брзина. Уште од самиот почеток се чувствуваше дека настанува многу единствено јавно мислење. Учениците и студентските се здруженија одамна се на Фејсбук, а и не само таму. Тие ги користат сите можности на социјалните медиуми, а освен тоа се мешаат во побарувачката на политички одлуки “, вели Елена.
Постепено романските улици стивнаа. Назначената од претседателот Јоханис експертска влада ги подготвува парламентарните избори за идната година. Младите и политички активни Романци сепак ќе ја следат критична работата на експертската влада. Секој нивен чекор ќе се дискутира на интернет, бидејќи станува збор за иднината на сите. И ако се наметне, младите Романци повторно ќе излезат на улица.