Еден редовен играч на „спортска“ направил мајсторско ливче. Уплатил само 20 денари а заработил 470.203 денари, објави „Екипа“.

На добитното ливче уплатил седум двојки од Лига Европа од кои дури шест со конечен тип Х и едно изненадување дека ПАОК ќе го порази тимот на Борусија од Дортмунд на гостински терен. Сите типови се со исклучително високи коефициенти.