Министерството за финансии за вторник најави нова аукција на државни хартии од вредност. Овој пат планот е новото задолжување кај домашните кредитори да изнесува 30 милиони денари, односно близу 488 илјади евра. Исто толку, пари државата треба да врати до 22 декември.

Според планот на задолжување објавен на Министерството за финансии, ќе бидат организирани две аукции на државни хартии од вредност во износ од по 244 илјади евра. Едната е со рок на доспевање од десет години, а другата со рок од една година. Освен аукцијата закажана за следниот вторник, до крајот на годинава, според календарот е планирана уште една аукција на државни хартии од вредност.
Минатата недела Министерството за финансии по основ на поврат на ДДВ на стопанството врати околу 10 милиони евра, а по основ на доспеани хартии од вредност исплати 57 милиони евра.
државата кон странство исплати доспеан долг од 150 милиони евра. Имено, се раздолжи Еврообврзницата што ја издаде Владата на СДСМ во 2005 та година. По основ на главница и камата Владата врати вкупно 219 милиони евра. Сега на товар на Владата остануваат уште две еврообврзници во купна вредност од 770 милиони евра. Еве кога и како се задолжуваа владите преку еврообврзници: По еврообврзницата во 2005 та, владата на Вмро дпмне во 2009 та ја издаде досега најспата еврообврзница, во вредност од 175 милиони евра и камата од 9,875 отсто. Лани беше продаена еврообврзница со највисока вредност – од половина милиајрда евра а годинава на ист начин се задолжи со 270 милиони евра.
Вчера пак стариот долг од 150 милиони евра се раздолжи со нов долг – пари од неодамна издадената Еврообврзница. Овие финасиски трансакциии веќе се одразија врз девизните резерви. На крајот од ноември салдото на државните резерви изнесувало 2 милијарди и 187 милиони евра , што е за 67 милиони евра помалку во однос на вториот квартал.
Ова намалување на резервите , според Народната Банка е резултат на враќање на долговите кон странство. “Девизните резерви забележаа пад на квартална основа во третото тримесечје, најмногу заради редовното отплаќање на надворешните обврски на државата“
Според дел од економистите, девизните резерви и натаму ќе се намалуваат како резултат на отплата на доспеани долгови.
“Очекувам дека резервите и натаму ќе се намалуваат. Отплатата на 150 милиони евра ќе има доплнително влијание, а од друга страна не се очекуваат нови надворешни задолжувања кои би легнале на девизната сметка. Токму овие кредити ја камуфлираат сликата за реалните резерви, кои треба да се потпираат не само на задолжувања туку и на економијата“, вели поранешниот гувернер Петар Гошев. Во интревју за 24 Вести, гувернерот Богов изјави дека со последното задолжување се обезбедени пари за финасирање на потребите до средината на 2016 година.
По основ на доспеан долг, догодина Владата треба да врати 350 милиони евра.