Сите ги сакаат парите најдени во Дунав, тврдат дека 100.000 евра се нивни

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Многу наводни сопственици се јавиле на виенската полиција, тврдејќи дека парите што пливаа по Дунав се нивни, а полицијата проверува кој дал лажен исказ за сопственоста на банкнотите.

Image (4)

Десетици луѓе се јавиле во полиција и пријавиле исчезнување на пари, рече портпаролот на полицијата. Неколку од тие повици очигледно биле шега, но некои се обиделе и да ја измамат полицијата.

Банкноти од 100 и 500 евра некако завршиле во Дунав и продолжиле да плутаат по водата. Од реката се извадени вкупно 130.000 евра.

Полицијата одби да ги потврди медиумските написи дека еден постар човек кој боледува од деменција, испразнил торба со пари во каналот.

Истрагата покажа дека во околината не било извршено никакво злосторство, ниту, пак, кражба.