„Ѓукановиќ, ризикуваш граѓанска војна во Црна Гора“, му порачаа вечерва од протестот против членство на земјата во НАТО кој го организираше дел од опозицискиот Демократски фронт, а на кој присуствуваше и црногорскиот претседател Момир Булатовиќ. Протестот е одржан пред Собранието на Црна Гора во ПОдгорица, а присуствуваа околу 5000 граѓани кои тргнаа во протестен марш низ градот.

Организаторите делеа свеќи, а граѓаните го скандираа името на рускиот претседател Владимир Путин и извикуваа пароли за српско Косово, како и Мило убиец, Мило крадец.
-„Се уморивме од војни. Но, ако има војна меѓу НАТО и Русија, ќе бидеме таму кај што бил Свети Петар, Јанко Вукотиќ..Косово е српски и црногорски Ерусалим, ќе се вратиме таму каде што Евреите се вратиле во Ерусали,. Косово пак ќе биде црногосрко и српско“-изјави вечерва опозиционерот Милан Кнежевиќ.