Детали од новиот поморски инцидент меѓу Русија и Турција: Турски трговски брод ќе удрел во руска флотила со воена придружба

од desk3
93 прегледи

За втор инцидент во последните неколку дена со турски трговски брод и интервенција на рускиот морнарица беше соопштено денеска. Тој се случил во северниот дел на Црното Море и е поврзан со операција за преместување на нафтено-гасни сонди на “Черноморнефтегаз”, соопштија од компанијата.

brod

Во текстот се наведува дека “во врска со сложената меѓународна средина има ризици да бидат изгубени витални средства – платформи за дупчење Во-312 и Во-319”. Затоа по наредба на шефот на анектираниот Крим тие биле преместени во територијалните води на Русија со помош на тајните служби и Црноморската флота.

“При преместувањето на Во-312 по патот на бродовите се појави трговски брод со турско знаме. Постапувајќи по прекршување на утврдените од меѓународните правила предупредувања за судир во морето и општоприфатените норми за морскиот превоз, турскиот брод не отстапи од трасата , влезе курсот на рсуските бродови, и се обиде да застане на патот “, велат од компанијата.

Нов поморски инцидент меѓу Русија и Турција

Во оваа “вонредна ситуација капетанот на турскиот суд не одговараше на радио сигнали”, велат од Кримската компанија. “Недоразбирањето” беше отстрането од безбедносен брод на пограничната служба и од ракетен брод на Црноморската флота, кои го принудија турскиот брод да го смени курсот во безбедна насока за флотилата. ”

“Черноморнефтегаз” е една од првите компании во листата со санкции на САД и ЕУ, бидејќи беше национализирана од властите во Симферопол веднаш по анексијата на Крим.

Целата 2015 година сондите беа префрлени во Одеското гасно наоѓалиште на 50 километри од украинскиот брег , на 150 километри северозападно од брегот на Крим.

Не се посочува кога точно се случил инцидентот и на кое место, но инфпрмацијата доаѓа непосредно по тврдењето на руското Министерство за одбрана, дека негов брод во Егејското Море отвроил предупредувачки оган врз турски рибарски брод кој наближил опасно.

Подоцна сопственикот на бродот, изјави за CNN Turk дека не слушнале истрели и биле на барем една морска милја од Русите. Помисливме дека тоа е брод на НАТО, тврдат од екипажот.

Турското Министерство за надворешни работи не коментираше ниту еден од двата инцидента.