СВР Штип поднесе кривичнa пријава против Б.У.(19) од с.Али Коч, Радовиш и С.С.(18) од с.Парналија, Радовиш поради постоење основи на сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.
Официјално од МВР за убиството во струшкото село Долна Белица
Пријавените на 10.11.2015 година на археолошкиот локалитет Баргала во Штип, кој е под привремена заштита на културното наследство на Р Македонија влегле во една од просториите на локалитетот и со употреба на физичка сила и тврд предмет оштетиле 10 керамички садови Питуси со што причиниле материјална штета од непроценлива вредност.
