Груевски кажа “зошто” и влезе да сведочи: Во една мирна атмосфера да одговорам на сите прашања

од desk3
87 прегледи

Пред да влезе во просторијата каде што на сослушување го чекаа пратениците од опозицијата и власта, Премиерот Груевски рече дека дошол да одговори на сите прашања за членовите да се соочеле со вистината. Груевски кратко одговори на прашањето зошто побарал седницата да биде затворена.

„Јас постапувам согласно деловникот за да може во една мирна атмосфера да одговорам на сите прашања. Оваа седница се снима, ќе има стенограми од таа седница и тие стенограми се валидни“, рече Груевскиgruevski

 

Откако претседателот на комисијата, Петре Шилегов, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го известила дека премиерот не сака да влезе во салата додека новинарите се присутни, тој ги повика новинарите да излезат надвор.

– Имаше обид од Шилегов и од СДСМ да предизвикаат криза. Еве веќе два часа чекам да почнам со одговарање на прашања. Очигледно, СДСМ не знаат ништо друго освен да предизвикаат криза затоа што во сите други полиња сме подобри од нив – рече Груевски.

Новинарите избркани надвор, почна седницата на Анкетната комисија со Груевски

Премиерот не одговори на новинарско прашање зошто побарал седницата да биде тајна.