„За медиумските работи“: Со силен интегритет, професионалност и солидарност ќе победите!

од Vladimir Zorba
116 прегледи

Во Македонија има новинари кои немаат медиуми и медиуми кои немаат новинари- тоа и сликата денес за медиумските работи , со тие зборови денеска ја отвори конференцијата на ССНМ   новинарот Драган Антоновски . Тој на почетокот  истакна и дека  медиумите  се најважната алка во општесството, и веројатно само поради тоа запнаа преговорите токму тука.конф 1

„Да не бевме важни посочи Антоновски,  немаше да се согласат на се: и на оставки и на менување на Изборен законик, тргање министри, тргање на премиерот, ДИК- се прифатија само запнаа за медиумите. Значи со нив се владеело затоа мораме отворено,  јасно и без страв да зборуваме за правата за стандардите и медиумските работи“ истакна Антоновски

Без решавање прво на професионалните и работните права на новинарите нема независно, објективно и професионално новинарство, оценија речиси сите учесниците на денешната конференција „За медиумските работи“ во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).Претседателот на ССНМ, Тамара Чаусидис, меѓу другото, истакна дека работните и професионални права на новинарите се штитат само со синдикално организирање со колективен договор.12366520_896462493804943_1260364204_n

Амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на отворањето на конференцијата порача дека подобри работни услови значат посреќни работници, а позадоволни вработени даваат и поголем квалитет и повеќе квантитет. – Подобар квалитет на медиумите значи подобра информираност и поголем диверзитет на мислења, а тоа се разбира е клучот за силна демократија – рече Гарет. Нашите почетоци во синдикланата борба се стари, но вие сега ја градите вашата борба , и ЕУ и ние сме загрижена за вкавите состојби  со   работнички права

Претседателот на Европската федерација на новинари, Могенс Блишер Бјерегард го истакна значењето на една ваква конференција и порача дека слободните медиуми, односно можноста да се работи слободно и независно се појдовна точка за создавање слободна и независна демократија. Одговорот на прашањето зошто е важно да се биде член на синдикат, продолжи Бјерегард е едноставен. – Бидејќи само заедно и со солидарност можеме да ги заштитиме нашите права. Не само за вас во Македонија, туку и за сите нас во Европа – нагласи Бјерегард.

На конференцијата учествуваше и министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска-Ременски, која изрази поддршка на сите медиумски работници во нивната битка за застапување на работничките права и колективното договарање, нагласувајќи го прашањето за синдикалниот плурализам во Македонија и неговата регулираност со закон. Таа најави дека ќе го менува концептот и пристапот досега, кој е демек  мнозински, со помош на власта  и тоа бил тој е вистински синдикализам . Мора да има плурализам а не козметичко шминкање и встински синдикат  а тоа е само тој,  кој е страна на работниците , во случајов каков што е ССНМ на страната на новинарите и медиумските работници.

12395647_896462473804945_1621354503_n

Претставникот на Министерството за информатичко општество Димитар Буковалов ги изнесе политиките и мерките на Министерството кои се однесуваат на подобрување на условите за работата на новинарите и слободата на медиумите со цел обезбедување високо квалитетно и професионално новинарство, а во насока на надминување на забелешките добиени од страна на ЕУ. Мерките, нагласи  Буковалов, се однесуваат на тоа дека од јавен интерес е постоење слободни и транспарентни медиуми, постоење меѓународно усогласена медиумска легислатива и развиена медиумска и политичка клима, адекватни договори за работа на новинарите со доволна социјална заштита за обезбедување непристрасност и независност во работењето, обуки и едукација, како и етички кодекс за работа и гарантирање на нивната безбедност, со цел да придонесат за развојот на демократските процеси во земјата.

12395633_896462453804947_1039103251_n

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикати на новинари од регионот. Јасмина Поповиќ од Синдикатот на новинари на Хрватска порача до сите новинари во регионот дека мора да бидат свесни дека работодавците и политичарите се свесни за нивните слабости и играат на карта на заплашување и закани, но дека и досегашната работа покажува дека секој отпор предизвикува почит од друга страна. Морате да бидете силни и органзизирани , и само така со силно членство и силен личен интегритет ќе дојдете до победа. Колективните договори ги направивте, имате многу голем влог и силно лидерство, само треба да ги следите насоките и  до колку ви е потребна  помош од колегите во регионот, со целтото наше искуство, ние сме тука да ви помогнеме

Дејан Глигоровиќ од Синдикатот на новинари на Србија нагласи дека социјалните мрежи и цивилното новинарство на некој начин ја ставаат под знак прашалник новинарската професија, како и дека цивилното новинарство не може да ги замени сите начела поставени од новинарската професија. Тој смета дека медиумите со квалитетни и проверени информации полека ја губат битката со брзото и непроверено примање информации од социјалните мрежи без многу проверување. НА конференцијата учествуваа бројни новинари до Македонија како и студенти од новинарските факултети кои не пропуштија да полемизираат со новинарските имиња  од Македонија и регионот.

Конференцијата е дел од проектот „Работнички права на медиумските работници“, поддржан од британската амбасада во Скопје.