Рускиот амбасадор во Турција Андреј Карлово ги посочи трите услови под кои односите меѓу Русија и Турција можат да се подобрат, објави турското издание “Хуриет дејли њус”.

Според него, на прво место Москва инсистира да добие извинување за настаните од 24 ноември во небото над Сирија, кога беше соборен рускиотвоен авион Су-24.
Москва очекува луѓето кои се одговорни за овие акции да бидат откриени и да им биде побарана одговорност за стореното.
Според рускиот дипломат третиот услов е исплатата на компензација за штетата што Русија ја претрпела како последица на инцидентот на границата меѓу Сирија и Турција. “Ако нашите очекувања не се оправдаат, другите апликации на Турција немаат значење”, вели Карлово.
Кремљ повторно одби средба Ердоган-Путин, за средината на декември!
“Турција најавува дека е за дијалог, но во исто време вели дека некои работи не се вклопуваат во овој пристап”, додава тој. Рускиот дипломат го наведува името на човекот кој пукал на пилотот на соборениот од турските воздухопловни сили Су-24. “Алпаслан Челик е човекот кој пука во нашиот пилот.