Џеф Лефо е еден од најголемите колекционери на лименки пиво во светот, а својот дом во Пенсилванија го претворил во вистински музеј.

Овој колекционер ги прекрил скоро сите ѕидови на куќата со лименки пиво, а неговата колекција вреди над 1,6 милиони долари.

Низ годините, Џеф собрал над 87.000 лименки пиво, а за тоа му биле потребни околу 40 години.

Затоа решил својата викендица во планина да ја претвори во мало царство на пивото.

Џеф верува дека ја има најголемата колекција на светот и со гордост ја покажува на љубителите на пивото.

Во ова хоби го поддржува сопругата, а она што многумина најмногу ги интересира е како ја брише прашината и ја чисти пајажината со толку лименки.