
Според планот на задолжување објавен на веб-локацијата на Министерството за финансии, ќе бидат организирани две аукции на државни хартии од вредност во износ од по 244 илјади евра. Едната е со рок на доспевање од десет години, а другата со рок од една година.
До крајот на годинава, според календарот е планирана уште една аукција на државни хартии од вредност. Според најавата, овој пат дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов нема да стави вето на ова задолжување бидејќи се совпаѓа со она што треба државата да го врати до крајот на месецот.