Еве ги најневеројатните теоретски можни сценарија за 2016 година!

од desk3
123 прегледи

Експертите имаат развиено неколку од најневеројатните сценарија кои се теоретски можни да се случат во новата 2016 година, пишува “Блумберг”. На прво место е ставено неочекувано поскапување на нафтата и постигнување на границата од 100 долари за барел.

scenarija
За ова гласале 25% од експертите. По излегувањето на Велика Британија од Европската унија и следат глобални сајбер напади против сите берзи во светот.

Враќањето на цената на нафтата до 100 долари за барел е можно ако терористите од “Исламска држава” ги минираат основните ирачки нафтоводи, сметаат експертите. Ако тоа се случи, понудата на суровина ќе се намали за 3,5 милиони барели за едно деноноќие.

Освен тоа сепак ќе треба да се случат и други драматични настани како немири во Алжир по евентуалната смрт на претседателот Бутефлика и воен удар во Венецуела.

За можноста Велика Британија да излезе од ЕУ се залагаат претежно од експерти на банките UBS и Morgan Stanley. Тие сметаат дека евроскептицизмот во Велика Британија ќе продолжи да се зголемува и тоа може да го предреши закажаниот референдум за темата.

Третото неверојатно сценарио е напад на хакери од Источна Европа против сите светските системи за електронски плаќања и за трговија со акции. Ова може да го пропадне системот на онлајн-банкарство и да го загрози енергетскиот систем на големите држави.

Следува распадот на ЕУ поради мигрантите и оставка на канцеларот Меркел во Германија. Ова би можело да се случи ако се одржат серија од терористички акти и германската влада признае дека Грција и други послаби финансиски држави треба да ја напуштат еврозоната.

На петтото место е поставена варијанта за уривање на кинеската економија и воен удар во Пекинг. Ова може да се случи ако во земјата избувнат масовни протести против економската политика на Владата.

Постојат и политички прогнози- на седмото место во рејтингот е можноста рускиот претседател Владимир Путин да ја прекине воената интервенција во Сирија и да добие мир преку политички трансформација, најверојатно промена на Башар Асад и формирање со нова влада со учество на опозицијата.

Понатаму е победата на Доналд Трамп во претседателските избори во САД, удар на Израел против нуклеарни објекти во Иран и нагла промена во климата како резултат на зголемувањето на температурите во светот.