СДСМ одлучи да поднесе тужба до Управниот суд по одлуката на ДИК дека доплнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов не може да стави вето на задолжувањата на домашен пазар затоа што тие замени според комисијата не влијаат на изборниот процес.
На денешната аукција на државни записи и обврзници министерството за финансии се задолжи со нови 5,6 милиони евра наспротив најавените 488.000 евра.
Пред две недели, Наумов стави вето на аукцијата на државни хартии од вредност на која државата планираше од домашните банки и останати кредитори да позајми околу 100 милиони евра. но, ДИК експресно одлучи дека Наумов нема право на вето, по што државата се задолжи со 73 милиони евра.
Но, ваквата одлука на ДИК, дека Наумов нема право на вето на задолжувањата што преку Министерството за финансии се прават на домашен терен – се однесува за сите следни задолжувања.
