Kриминалното подземје од струшкото село Велешта најверојатно стои зад вооружениот напад во Долна Белица, во кој еден беше убиен, а уште двајца се ранети меѓу кои и братот на познатиот бос Дилавер Бојку-Леку, дознава Дневник од извори од истрагата. Засега никој не ја потврдува оваа информација иако е јасно дека еден од ранетите е Башким Бојку (45), брат на познатиот балкански босс за простититуцијата Дилавер Бојку, кој последниве години влегува во бизниси со хотелиерство и работење на струшките плажи .
Според повеќе извори бандата на Леку со неговит брат од автомобил почнале да пукаат кон двајцата соперници, браќата од Долна Белица.Овие возвратиле со калашникови и некое време била вистинска војна на двете банди од Велешта и Белица.Иако нема официјални информации, речиси сите медиуми пишуваат дека е гола пресметка за бизнис на бандата од струшко.
Во престрелката бил убиен Фитим И. (23) од Долна Белица, кој е роднина на секретарот на општина Струга, а тешко ранет е неговиот брат П.И. (18). Од другата страна, од огнот што го возвратиле бил ранет Башким Бојку, кој сам со проатрелна рана во стомакот дошол во болница.
Kрвавата пресметка на бандите на подземјето е заради милионскиот бизнис со плажите , кои , подолго време се причина за меѓусебна војна меѓу семејството Бојку , и градоначалникот на Струга, Зијадин Села.. Тоа не е тајна за стружани , ниту за јавноста особено по жестоката медиумска конфронтација помеѓу Бојку и Села. Струшкиот градоначалник Зијадин Села две години најавува дека ќе урива и ќе направи ред со узурпираните струшки плажи, но изгледа дека мафијата , војната со локаланите боссови за општинскиот бизнис чија цена е неколку милиони евра , сега почна да ги зема и првите жртви и со пукање се спротиставува и на конкурентите, и на институциите.. Семејството Бојку на струшките плажи се сопственици на два ресторана, маркет, осум бунгалови, платформа во езерото..Дилавер Бојку-Леку е познат по тоа што беше балкански босс на проституцијата, нарко босс кој беше екстрадиран по бегството од Македнија, и неговата група од Велешта важи за семејство кое ја контролира и „работи“ целата струшка територија.
Братот на Бојку бил еден од осудените (12 години затвор) во случајот „Албатрос“ од 2010 година за шверц на мигранти од Албанија во Грција, преку Македонија.