Кривична за убиството во Д. Белица за Башким Бојку, братот на Дилавер Бојку-Леку

од desk3
750 прегледи

ПС Струга поднесе кривична пријава против Б.Б.(45) и Е.Б.(30) двајцата од с. Велешта и против три непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „убиство“, „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материјали“- информирa полицијата. Пријавените се осомничени дека на 13.12.2015 година, со огнено оружје го убиле Ф.И.(23) од с. Долна Белица, а го раниле неговиот брат П.И.(18) од с. Долна Белица.
Зад вооружениот напад во Долна Белица, во кој еден беше убиен, а уште двајца се ранети меѓу кои и братот на познатиот бос Дилавер Бојку-Леку, дознава Дневник од извори од истрагата. Засега никој не ја потврдува оваа информација иако е јасно дека еден од ранетите е Башким Бојку (45), брат на познатиот балкански босс за простититуцијата Дилавер Бојку, кој последниве години влегува во бизниси со хотелиерство и работење на струшките плажи

E1C101A9933DFF41A0ABAB1540368B92

Според повеќе извори бандата на Леку со неговит брат од автомобил почнале да пукаат кон двајцата соперници, браќата од Долна Белица.Овие возвратиле со калашникови и некое време била вистинска војна на двете банди од Велешта и Белица.Иако нема официјални информации, речиси сите медиуми пишуваат дека е гола пресметка за бизнис на бандата од струшко.

Струшката полиција отишла во претрес на кафеана, а нашла пиштол фрлен во реката Црн Дрим

На 15.12.2015 година, околу 18.30 часот во Прилеп на ул. „Јоле Андоновски“ од засега непознати причини настанал пожар во станот на Р.Н.(70) од кој е опожарен инвентарот во истиот, а исто така при пожарот поради здобиени изгореници починал и Р.Н. Од страна на БППЗ Прилеп пожарот е изгаснат, извршен е увид на  местото на настанот, а телото на починатиот е предадено на обдукција.

Пожарот што започнал на 13.12.2015 година во атарот на с.Крани и с.Арвати – Ресен, на 15.12.2015 година се проширил према с.Сливница,ресенско, на простор кој е  недостапен и на кој има експлозивни тела од Прва Светска Војна, кои од топлината експлодираат.  Во соработка со ЦУК, за гасење на пожарот ќе се користи авион.

На 15.12.2015 година во 08.30 часот на магистралниот пат  Делчево – Штип, се случила сообраќајна незгода помеѓу ТМВ„Ман“, управувано од Т.К.(31) од Кочани, ПМВ„Пежо“, управувано од Н.А.(48) од Виница и комби „Фиат Добло“, управувано од Д.А.(32) од с.Липец. Во незгодата со ТТП(напукнат 6-ти вратен пршлен) се здобил Н.А., на кого  му е укажана медицинска помош  и е задржан на лекување во ЈЗУ-Кочани. Увид на  местото на настанот извршила екипа од ПС-Кочани.

Во престрелката бил убиен Фитим И. (23) од Долна Белица, кој е роднина на секретарот на општина Струга, а тешко ранет е неговиот брат П.И. (18). Од другата страна, од огнот што го возвратиле бил ранет Башким Бојку, кој сам со проатрелна рана во стомакот дошол во болница.

Kрвавата пресметка на бандите на подземјето е заради милионскиот бизнис со плажите , кои , подолго време се причина за меѓусебна војна меѓу семејството Бојку , и градоначалникот на Струга, Зијадин Села.. Тоа не е тајна за стружани , ниту за јавноста особено по жестоката медиумска конфронтација помеѓу Бојку и Села. Струшкиот градоначалник Зијадин Села две години најавува дека ќе урива и ќе направи ред со узурпираните струшки плажи, но изгледа дека мафијата , војната со локаланите боссови за општинскиот бизнис чија цена е неколку милиони евра , сега почна да ги зема и првите жртви и со пукање се спротиставува и на конкурентите, и на институциите.. Семејството Бојку на струшките плажи се сопственици на два ресторана, маркет, осум бунгалови, платформа во езерото..Дилавер Бојку-Леку е познат по тоа што беше балкански босс на проституцијата, нарко босс кој беше екстрадиран по бегството од Македнија, и неговата група од Велешта важи за семејство кое ја контролира и „работи“ целата струшка територија.

Братот на Бојку бил еден од осудените (12 години затвор) во случајот „Албатрос“ од 2010 година за шверц на мигранти од Албанија во Грција, преку Македонија.