И на Живко Митревски му смета јавноста, ги затвори вратите за новинарите

од desk3
108 прегледи

На медиумските екипи им беше забранет влезот на денешната седница на Советот на ССМ, откако претседателот Живко Митревски му нареди на обезбедувањето да не ги пушти новинарите во зградата на синдикатот-јави Телма

zivko-mitrevski-ssm

Според најавите на седницата треба да бидат објавени докази за незаконското и нестатутарното работење на Митревски.

Делот од гранковите синдикати го обвинуваат Митревски дека користел скриени жиро- сметки на ССМ, своеволно и без одлуки трошел средства од меѓународни институции и вршел упади во самостојноста на дел од синдикатите.

Државата денеска планира да се задолжи за уште 488 илјади евра

Седницата на Советот започна во 12 часот а Митревски и членовите кои упатија обвинувањата на негова адреса најавија дека ќе дадат официјални изјави по завршувањето на состанокот.