Тоа беше судир со злобни нијанси на Студената војна. Неодамнешното уништување од Турција на рускиот бомбардер Су-24 е прв случај во кој од пред 63 година НАТО авион соборува руски. Иако Анкара тврди дека авионот е соборен над турска територија, рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Турција за “удирање на нож во грбот” и за “соучество на терористите.”

Путин ги откажа последователно руските енергетски проекти во Турција, а исто така го забрани увозот на турско овошје и зеленчук. Од тоа што ќе каже после Путин, сепак, би требало да се наежи грбот на Турција. Во коментари за време на своето годишно обраќање до нацијата Путин даде до знаење дека Русија може да употреби сила против Турција: “Ние треба да им повторуваме многу пати што направиле и тие ќе зажалат не еден пат за она што го направија”, рече Путин.
“Нашите вооружени сили, тајните служби и органите на прогонот се мобилизирани за да биде даден отпор на терористичката закана.” Иако Путин користи вулгарности за влијание – еднаш ветува дека чеченските терористи во Русија ќе “бидат исфрлени преку тоалет” – тој има причина да негодува против Турција. Дури и ако рускиот авион бил над турска територија, тој бил таму само за седумнаесет секунди и турскиот авион не дал предупредувачки истрели кон рускиот. И тоа што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се пофали дека самиот тој издал наредба да се пука, само ги прави работите полоши. Како знак на интензивирање на тензиите во неделата руски разорувач упати предупредувачки истрели кон турски риболовен брод. И ако Путин одлучи да не го дига влогот против Турција, тој има ред карти кои може да ги одигра.
Бунтот против Меркел не се случи
Прво, Путин може да нареди на руските воени сили да соборат турски авион со ракета земја-воздух. Руската армија неодамна ги распореди своите модерни ракетни системи С-400 во сириската база во Хмеимим, на 25 км. од турската граница. Тоа е пресврт во воената игра, толку што и дури висок израелски офицер го опиша распоредувањето на оружјето како “најлош кошмар” за неговата земја. Со дострел од 400 километри и способност да интервенира истовремено до 36 авиони или ракети, Русија веќе ја поседува способноста да ги собори турски авион кога сака. Така е укината и можноста Западот да може да воспостави зона на забранети летови над северна Сирија – чекор, за кој Анкара одамна инсистира.
Путин, исто така, нареди на руските борбени авиони да ги придружуваат бомбардерите кај сите летови во сирискиот воздушен простор. Тоа е опасно, бидејќи теоретски Русија може да собори турски авион на турско-сириската граница, а потоа, пост фактум, да тврди дека тој бил на чекор од преземање на напад врз руски авион. Точно или не, мајсториите во владеење на дезинформациите од Кремљ би можел да им дадат на Русите доволно слобода на дејствување, за да тврдат дека било во самоодбрана.
Путин, исто така, може да ги користи Курдите како оружје против Турција. Највисок приоритет за Турција отсекогаш била битката против курдскиот сепаратизам внатре во самата Турција, и во поширока смисла спречување на создавање на независен Курдистан, држава која теоретски ќе вклучува области од Ирак, Сирија и делови од југоисточна Турција.
Како дел од својата антикурдска политика Анкара се противи на главната курдска сила во Сирија – определена за заштита на народот (YPG), бидејќи Анкара очајно сака да биде избегнато создавањето на автономна сириска курдска единица по примерот на Ирачки Курдистан. Поради оваа причина Турција во моментов удира врз курдски позиции во северна Сирија и Анкара постојано ги предупредува сириските Курди да не заземаат повеќе територија во областа.
Поради тоа Путин може да нанесе сериозен удар на турските геополитички интереси , ако нареди испорака на модерно руско оружје на Курдите, дел од кое може да биде насочено против Турција. Сириските Курди контролираат две енклави во северна Сирија долж турската граница и сакаат да ги заземат последните стотина километри, потребни за поврзување на овие две територии. Иако Турција во неколку наврати предупреди дека ќе употреби сила за спречување на такво сценарио, руската поддршка и охрабрување би можеле да ги мотивираат сириските Курди да го прифатат предизвикот. Тоа би создало долг 650 километри антитурски кордон на јужната турска граница, што не би изгледало за турските лидери на ниеден друг начин, освен како катастрофа.
Вооружувањето на Курдите би било провокативна ескалација на тензиите од страна на Русија, но стратегијата се уште може да му обезбеди на Кремљ веродостојно побивање – Сирија, на крајот на краиштата, е преплавена со оружје – и затоа се вклопува водоктрината за “хибридна војна” на Русија. Русија, исто така, може да тврди дека со вооружување на Курдите всушност соработува со Западот во нејзината борба против Исламската држава, бидејќи САД ги гледаат сириските Курди како клучна локалната сила, способна да се справи со милитантната група. Всушност, Кремљ може да ги постави основите за овој пристап, бидејќи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров јавно прашува зошто Турција ги бомбардираше сириските Курди и покрај желбите на Вашингтон. Путин, исто така, сугерираше дека сириските Курди се здружуваат со сирискиот претседател Башар Асад, за да се борат со ИД, еден сојуз, кој би ја превртел целата игра во Сирија.
Трето, Путин, исто така, може да дејствува за уништување на клучните турски сојузници во северна Сирија како туркменистанските сили кои Русите почнаа да ги бомбардираат откако нивниот авион беше соборен. Одмаздата на Путин кон Туркменистанци е јасна, бидејќи тие убија еден од руските пилоти, кој беше скокнат со падобран, а потоа пуштија видео, покажувајќи како тркмените скандираат “Аллаху Акбар”, кога го најдоа телото. Турција сепак се потпира на сојузници како Туркменистанците за да си обезбеди место на масата, кога во почетокот на следната година Асад и опозициските сили ќе седнат да преговараат за да разговараат за иднината на Сирија, па уништувањето на туркменистанските сили од Русија би била друга стратешка пречка за Анкара .
Најпосле Путин би можел да направи пакост за Анкара во рамките на самата Турција. Руските агенти и пред се убивале осомничени терористи во Турција, и се чини дека го направиле повторно минатиот месец. Тоа продолжува во една поширока шема, во која антируски фигури од Северен Кавказ биле егзекутирани во Турција. Во најлош случај, Русија би можеле дополнително да ја изострува ситуацијата во рамките на Турција, и да обезбеди поддршка директно на турската ПКК, која се бори против силите на Анкара во југоисточниот дел на Турција со децении.
И како што Русија сигурно може да и наштети Турција, Анкара, исто така држи карти во рацете. Особено, може да затвори турските теснеци. Руските бродови минувале низ теснеците непречено со децении, но според Конвенцијата од Монтре од 1936 година на Турција е дозволено да ги затвори при војна со Русија или ако смета за себеси “заканува непосредна опасност од војна.” Тоа би ги изолирало руските бродови во Црното Море, како и значително ќе ги зголеми тешкотиите Москва да ги снабдува своите сили во Сирија. Турција веќе има воспоставено “одложување” за руски товарни бродови кои поминуваат низ теснеците – јасно предупредување од Ердоган.
Мирни глави се уште може да надвладеат и тензиите Москва-Анкара најверојатно ќе исчезне со текот на времето. Со оглед дека Турците се бореа и изгубиле во 17 војни против Русија од XV век наваму, Анкара најверојатно се надева дека ќе се случи истото.
Џош Коен, Ројтерс