Александар Чичаковски е нов претседател на ДИК

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Со 96 гласа  за  Собранието на РМ за претседател на  Државната изборна комисија (ДИК). го избра  Александар Чичаковски, а заменик претседател е избран  Реџеп Прекопуца .125052

Новата ДИК ќе биде надлежна за водење и ажурирање на избирачкиот список, а во составот на предлог на партиите се Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедредин Ибраими од ДПА.

Чичаковски е магистер по правни науки, кој во својата биографија има наведено големо меѓународно искуство на избори, и тоа со набљудување на претседателските избори во Украина 2007 и 2014 и во Грузија 2008. Од 2005 до 2009 бил правен експертски консултант во МОСТ, а од 2009 година е судски соработник во Основниот суд Скопје 2.

Прекопуца, пак долго време работел во собраниските служби како раководител на одделението за односи со јавност и како раководител на одделението за билатерална соработка. Од 1995 година е вклучен во изборните циклуси како член на избирачки одбор, заменик член на општинска изборна комисија, а од 2013 е секретар на општинската изборна комисија во Арачиново. Нема наведено искуство во следење избори на меѓународно ниво. Тој е професор по албански јазик и магистер по применета политика.