Што со Името? -Министерот Никола Попоски денеска во Атина

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски денеска во Атина, како што е најавено, треба да се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕиас. Тоа е прва посета на шеф на македонската дипломатија на Атина од 2000-та година.поповски

Според министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски условите за изнаоѓање на решение за спорот околу името на Македонија со Грција се повеќе од зрели. Попоски пристигнува во посета на Атина денеска , што е прва официјална посета на висок македонски претставник во јужниот ни сосед по 15 години. Попоски пристигнува во Атина по посетата на Скопје на неговиот грчки колега Никос Коцияс во јули. Немаме намера да правиме  изненадувања или барем не негативни, вели Попоски во интервју за весникот. “Катимерини”.

Сепак преговараат и се пазарат за името!

Во најконтроверзните прашања меѓу двете земји – овој за името на Македонија, Попоски коментира дека Скопје  направило бројни компромиси во изминатите две децении. И забележува дека во исто време листата со барањата поставени од грчка страна, е бесконечен. “Заборавени се, сепак, претходните ангажмани, дека нема да има пречки за нашите обиди да станеме членка на НАТО и ЕУ”, додава  Министерот на Груевски .Gardijan-300x193

Инаку, вчера по реакцијата на премиерот Никола Груевски дека во интервјуто за „Гардијан“ не рекол оти е подготвен на промена на името, британскиот весник го смени насловот.

Guardian го измени насловот на интервјуто со Груевски и ја отстрани неговата фотографија

Првичниот наслов „Македонија е подготвена да го смени името за да стави крај на 24 годишниот проблем со Грција“, е заменет со „Македонскиот премиер е отворен за дијалог во врска со промената на името за да се стави крај на 24 годишниот спор со Грција“. Весникот дури и ја смени фотографијата.gardijan-300x190

Министерот Попоски се очекува да биде примен и од страна на претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, како и да оствари одвоени средби со првиот потпретседател на парламентот на Грција, Анастасиос Куракис, како и со алтернативниот министер за јавен ред и цивилна заштита, Никoлаос Тоскас.