79
Средбата меѓу министрите за наворешни работи Никола Поповски и Никос Коѕиас не донесе нова промена во однос на спорот со името. Поповски по завршувањето на средбата како што пренесува Телма изјавил:
„Во однос на спорот со името меѓу двете земји, остануваат планини“.
Коѕиас топката за преговорите ја префрлил во Обединетите нации и побарал фер-компромис кој треба да го победи екстремниот национализам во двете земји.
Единствено министрите биле подготвени за заедничка соработка во однос на мигрантската криза.