55
Во случај на нужда и неопходност Чешка може да испрати војници во Македонија за заштита на нејзините граници од илегални бегалци, објави чешкиот министер за одбрана Мартин Стропницки.
Тој ова го најави на прес-конференција во Прага по средбата со високи воени претставници од Вишеградската четворка В4. Средбата се одржа по барање на Македонија, која побара од земјите од В4 помош при контрола на нејзината граница. Земјите од четворката веќе дадоа ваква помош на Словенија и Унгарија. / ТАСС