Света Софија сакаат да ја прават џамија

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Пратеникот на опозициската Партија на националистичка акција Јусуф Халачоглу поднел во парламентот на Турција предлог, во кое се бара Света Софија да биде повторно претворена во џамија и да бидат вршени во неа исламски ритуали.

Во документот се истакнува дека одлуката со која во 1935 година Света Софија е претворена во национален музеј, е неважечка, бидејќи и потписот на Ататурк под оваа одлука бил фалсификуван.Пратеникот кој е поранешен директор на Советот за турска историја, тврди уште дека документот за тоа дека Света Софија е џамија се наоѓа во османлиските архиви од 1453 година и е  со внесен печат на султанот Мехмед Освојувач на Константинопол.

481 години Света Софија била џамија и е редно да биде вратен  овој статус, забележува тој.Претензиите за трансформирање на Света Софија во џамија не се нови. Членови на различни исламистички организации одвреме навреме организираат протестни демонстрации со слични барања.Пред извесно време претседателот Реџеп Ердоган во одговор на нивните барања беше одговорил “Вие прво наполнете го  Султан Ахмед, пак потоа ќе видиме”, имајќи предвид  за Сината џамија, која е спроти Света Софија.Претензии за Света Софија имаат и христијанските кругови, кои сакаат да бидат обновени како христијански храм, каков што  бил пред 14 века.Пред време грчки пратеник поднесе тужба. Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први исто така, ставадо знаење дека  Света Софија треба да биде обновена како црква или да биде отворена за вршење на христијански  ритуали.

Read more: http://balkani.actualno.com/predlagat-sveta-sofija-da-byde-prevyrnata-otnovo-v-djamija-news_514096.html#ixzz3uf9TH0Jb