Судењето за случајот „Шпион“ што требаше да се одржи денеска во Апелација се одложи, затоа што обвинетите побараа нивниот случај да го преземе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
19-те обвинети имаат и поднесено жалби на првостепената пресуда според која сите беа осудени на затворски казни.
Првообвинет во судскиот процес е екс разузнавачот, Марјан Ефремов кој е осуден на 15 години затвор за шпионажа затоа што според обвинението прибирал информации за странски тајни служби.
Покрај него, обвинети и осудени се и поранешниот директор на дирекцијата за спречување на перење пари, Ване Цветанов, поранешниот полициски генерал Горан Стојков, двајца разузнавачи активни во времето на акцијата „Шпион“, како и Марјан Маџовски, поранешен шеф на кабинетот на претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
Првостепената пресуда е донесена пред 13 месеци, а обвинетите беа осудени на вкупно 73 години затвор.