Левентис побарал од рускиот амбасадор Москва да не го признава уставното име на Македонија

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Лидерот на грчката партија Унија на центристите Василис Левентис, вчера се сретнал со рускиот амбасадор во Атина Андреј Маслов, со кого, меѓу другото, разговарале и за проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија.

Leventis-GR-IBNA

– За време на плодната дискусија и размена на мислења, претседателот на Унијата на центристи побара од рускиот амбасадор до неговата Влада да го пренесе барањето Русија да го преразгледа своето признавање на Скопје под името ‘Македонија’, и да ја признае под името што се користи во ОН и Европската унија, се вели во соопштението на партијата.

Левентис исто така побарал Русија да продолжи и да ја зајакне својата поддршка за Грција и Кипар.