Демократски сојуз: Одговорност за премиерот и министрите и 10 год забрана во политика ако краделе

од Vladimir Zorba
82 прегледи

 Се залагаме за: системски промени преку кои ќе се дефинира одговорноста на премиерот, министрите и други носители на јавни функции, конфискација на нелегално стекнатиот имот, забрана на политичко дејствување најмалку (10 години) за сите кои ги кршат основните права на граѓаните преку преслушување и на друг начин, како и тие кои се стекнале со капитал злоупотребувајќи ја довербата на граѓаните, објави лидерот на  Демократски сојуз Павле Трајанов на синоќешната трибина во Битола

tribina bitola (1)

Демократски сојуз  пред своите ќленови , и смпатизери  трибина ја  презентираа Платформата за обединување и вистински реформи.Беше  посочено дека Демократски сојуз ќе предложи законски решенија со кои ќе се изедначат условите за бизнис на странски и домашни компании. Минималната плата треба да изнесува најмалку 300 евра.

Во Македонија 10% од вкупното население е вработено во администрацијата што е огромен товар за стопанството, а приемот е исклучиво преку партиски списоци.

ДС ќе предложи кривична одговорност за сите оние што со злоупотреба на партиско и друго влијание  ги кршат основните критериуми за прием на работа во јавната и државната администрација.
На трибината Битолчани пројавија голем интерес за политичката криза и одговорноста на политичко-државниот врв, за криминалот во РЕК Битола, за енормното загадување на воздухот, како и за иселувањето на младите во Битола со што на вештачки начин се прикажува дека се намалува бројот на невработените.
На трибината зборуваше и Драгана Букилица, шеф на изборниот штаб на ДС, која рече дека ДС ја отвора можноста за формирање на нова политичка сила и ги повикува граѓаните да се вклучат во борбата за промени во Македонија.