Тројца приведени од страна на МВР кои се сомничат за фалсификување на лични документи. Основното јавно обвинителство (ОЈО) соопшти.дека се пронајдени две тајни работилници каде се вршело фалсификување на лични карти и други документи но постојат индиции и за други лица инволвирани во случајот, како и за сторени други кривични дела.

– Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи во предметот за фалсификуваните лични карти, кои беа предадени од страна на новинарот на Фокус, Љубиша Арсиќ на министерот за внатрешни работи, презеде низа мерки и активности за расветлување на настанот. Во вршење на истражни дејствија, во тек на вчерашниот ден, успешно е спроведена акција по наредба на јавен обвинител, во која е пронајдена тајната работилница каде е вршено фалсификувањето на документите. Станува збор за обемен материјал, опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти и други документи. Пронајдениот материјал е одземен и е предмет на натамошна анализа и истражување. За овој настан се приведени три лица, но постојат индиции и за инволвирани други лица и за сторени други кривични дела, се наведува во соопштението од ОЈО.
Повеќе информации Обвинителството најавува за следните денови.